Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Дезинформации се објавите за наводни киднапирања, имаме приведено лице за лажно пријавување, само призна дека измислува

Спасовски: Дезинформации се објавите за наводни киднапирања, имаме приведено лице за лажно пријавување, само призна дека измислува

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за паниката која се создаде за наводно киднапирање деца, потенцираше дека станува збор за комплетни дезинформации.

„Веројатно како наближува годината на избори почнуваат да се плетат такви приказни. Ако погледнете историски, пред три години, истава оваа шема во јавноста беше дека наводно се појавуваат групи, автомобили, комбиња кои киднапираат деца. Таква информација, односно дезинформација се појави и вчера, која ја пренесоа и медиумите. Веднаш лицето беше приведено, за него бараме по итна постапка да се одредени мерка притвор, зашто никој не смее да се игра со мирот и спокојството на граѓаните. Лицето само призна дека го измислило овој настан“, кажа Спасовски.

Тој порача дека граѓаните треба да бидат спокојни. 

Слично

Поврзани вести