Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски дециден дека пратениците се приведени согласно законските овластувања

Спасовски дециден дека пратениците се приведени согласно законските овластувања

При приведувањето на пратениците не се прекршени законските овластувања.

Ова го тврди министерот Оливер Спасовски кој вели дека полицијата постапила согласно законските овластувања.

Овој одговор денес следи откако вчера  Народниот правобранител констатира дека при приведувањето на тројцата пратеници е повредено правото на пратенички имунитет и начелото на презумпција на невиност, поради непочитување на Правилникот за начинот и вршење на полициски работи од страна на полицијата.

Меѓутоа Министерот вели дека се  повикува на законот, а не на правилникот, бидејќи законот е повисок акт од правилникот и не може правилник да дероргира Закон или Устав на РМ.

Спасовски посочи дека целата потребна документација во врска со приведувањата е доставена и дека самиот омбудсман вчера кажал дека МВР доставило 38 документи.

Слично

Поврзани вести