Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Дали се сомневате дека Илија Димовски ќе донесе погрешна одлука?

Спасовски: Дали се сомневате дека Илија Димовски ќе донесе погрешна одлука?

Дали се сомневате дека Илија Димовски ќе донесе погрешна одлука како претседател на Комисијата па затоа дискутирате за сè друго освен за точката на дневен ред, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски во Собранието. 

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека часови и лекции од партија која во минатото го блокирала Собранието, не сака да добива.

„Пораките кои пратеници ги имаат и ги праќаат до членовите на Комисијата за избор и именување, треба и да ги кажат. Затоа, СДСМ ќе мора да почне да дебатира и да објасни пред народот“ - рече Димовски.

Димовски рече дека целта им е да предизвикаат дебата. Вели дека треба да се има трпение и разбирање и дека не се разговара за избор на комисијата, туку за тоа како треба таа комисија да постапува.

Спасовски го повика Трајко Вељаноски да превенира злоупотребување на собраниската говорница, повикувајќи се на Деловникот на Собранието на Република Македонија.

Вељановски ги опомена пратениците на СДСМ дека доколку не престанат да дофрлаат од собраниските клупи дискусијата може да оди до недоглед.

Слично

Поврзани вести