Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Да се испита кој го пушти разговорот на Милошоски

Спасовски: Да се испита кој го пушти разговорот на Милошоски

Се што поседуваше СДСМ од прислушувани материјали беше предадено во Специјалното јавно обвинителство, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање во врска со снимките кои вчера беа објавени а на кои е снимен разговор меѓу пратеникот Антонио Милошоски и врховниот судија Јово Вангеловски. Спасовски побара итна реакција на институциите и рече дека не треба да има толеранција, без оглед за кој се пуштаат неовластено прибавени снимки.

„Се е предадено во СЈО. Нема ништо и нема потреба да остане. Не сум ги слушнал новите снимки, знам дека се објавени. Повикувам институциите да истражат, да се види кој се и кои ги објавува. Барам институциите да работат ефикасно и да се открие кој и во кој контекст објавува. ПОвикувам на нулта толеранција, рече Спасовски. 

Според Милошоски, разговорите ги поседувало, како што вели, лицето З.З уште од 2011 година.

„Или можеби во посед ги добило во 2015 година, а не ги објавило досега јавно сметајќи дека има јавен интерес, тоа е кривично дело бидејќи не објавил навремено нешто што сметал дека е од повисок јавен интерес. Самото криење на тие материјали е кривично дело. Второ, на прашање лицето З.З. тврдеше дека сите материјали снимки ги предал во СЈО и дека не поседува никакви копии од тие снимки од УБК во период од 2008 до 2015 година што со овие објавени снимки се покажува дека не е точно. Тоа значи дека или господинот Јовевски лиферува дел од тие материјали кои што ги поседува или некој друг има дополнителни копии од овие материјали и ги лиферува според политичките нарачки. Моето мислење е дека лицето З.З се најде прилично погодено и засегнато од материјалите кои што јас ги објавив кои ми беа доставени од укажувач, вели Милошоски.

Слично

Поврзани вести