Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПАСОВСКИ: Да продолжиме да ги почитуваме мерките, така постепено ќе се вратиме во нормала

СПАСОВСКИ: Да продолжиме да ги почитуваме мерките, така постепено ќе се вратиме во нормала

Премиерот Оливер Спасовски вели дека веста за излечени 200 граѓани на сите ни дава дополнителна мотивација.

„200 излечени наши граѓани од КОВИД-19 е веста што ни дава дополнителна мотивација да продолжиме заеднички со лечењето и со спречувањето на ширењето на коронавирусот. Регистриравме и ден со поголем број излечени од новозаразени“, пишува Спасовски на својот фејсбук профил.

Според него, тоа е резултат на големата, огромна посветеност за здравствените работници и на граѓаните што се придржуваат до мерките на претпазливост, и тие, нагласува, ги заслужуваат најголемата благодарност и сите признанија.

„Да продолжиме да ги почитуваме мерките за физичка дистанца, за носење лична заштитна опрема, да се воздржиме од групирања и така да создаваме услови за стабилизирање на животот и постепено нормализирање под изменети услови“, пишува Спасовски.

Слично

Поврзани вести