Спасовски: Да ја градиме Македонија како граѓанска држава
Премиерот Оливер Спасовски денеска од прославата на Илинден во Скопје, изјави дека се слави Денот на Републиката под слоганот „Победа за сите“.
Вели дека денес Македонија е успешна приказна и светол пример во Западен Балкан.
„Денес славиме празник за подобро утре на оваа и на сите идни геенрации, за да ја градиме нашата вековна иднина“, рече Спасовски.
Кажа дека Македонија ќе ја градиме како граѓанска држава.
„Должни сме да се спротивставиме на фашизмот, гласно и храбро“, рече премиерот.
Вели дека гордо треба да го славиме македонскиот јазик, кој денес е впишан во личната карта на нашата држава во ОН.
Спасовски изјави дека мора да го зајакнеме заедништвото и да ги надминеме поделбите.
Вели дека принципите на Илинден се свртени кон иднината, а не кон минатото.
Спасовски додаде дека сега не сме сами, туку сме дел од НАТО и сме сојузници.
