Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасов: Полицијата непотребно се глупираше

Спасов: Полицијата непотребно се глупираше

Политикологот Ѓорѓи спасов во изјава за Дојче Веле вели дека полицијата непотребно се бламирала барајќи го одамна избеганиот поранешен премиер Никола Груевски во неговиот стан и во катната гаража кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Се надева дека власта конечно ќе извлече поука од несихрнизираноста на обвинителствата со судството и полицијата и дека веќе нема да дозволи осудени лица да исчезнат без чија било одговорност.

„Делува наивно и неубедливо објаснувањето дека никој немал надлежност ниту одговорност да го спречи Груевски да ја премине границата нелегално и да побегне, а уште во петокот беше констатирано дека му се губи трагата. Поранешениот премиер и актуелен пратеник на кој му се доделени шест полициски службеници да се грижат за неговата безбедност, побегнал од земјата уште во четвртокот, а полицијата неколку дена  откако тој избегал, пред тв-екраните ја демонстрираше својата неинформираност, измаменост и би рекол неспособност, барајќи го бегалецот по неговите станови во Скопје и по багажниците на коли кои влегуваа и излегуваа од седиштето на неговата партија“, вели Спасов.

Тој додава дека Груевски го третирале како обичен ситен криминалец и тука било грешката, бидејќи за вакви личности било потребно да добијат „поголемо внимание“ од органите за присилување.

„Тоа ќе ги разгоре шпекулациите дека било предвидено и договарано со власта. Тоа ќе ги врати сомневањата дека за криминал ќе одговараат само 'ситните риби'. И можеби ќе ги инспирира сите останати лица на кои им се суди да го направат истиот чекор како Груевски, кога тоа е веќе така едноставно“, предупредува Спасов.

Професорот очекува унгарскиот премиер Виктор Орбан да го искористи своето влијание за да му обезбеди азил на Груевски во Унгарија.

„Откако веројатно и Орбан ќе ни соопшти дека му дава азил на Груевски затоа што не е убеден дека за неговиот пријател ќе има фер судење во Македонија, како што тоа ни го кажа Косово за некои обвинети кои побегнаа таму, веројатно ќе се намножат оние кои бегството од правдата ќе го сметаат за вистинско решение. Оттука, ова не е обично бегство. Ова е срам за земјата. И мала утеха ќе биде тврдењето дека полицијата не смеела да ги надгледува неговото движење ниту границата, дека судството не смеело да издаде налог за притвор без барање од обвинителството, и дека обвинителството решило веќе да не бара притвор бидејќи 'човекот не покажувал знаци дека така ќе постапи“, критикува Спасов.


Слично

Поврзани вести