Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасов не дојде на суд, пропадна тужбата против Ременски

Спасов не дојде на суд, пропадна тужбата против Ременски

Пратеничката Фросина Ременски објави дека тужбата што против неа за навреда и клевета ја поднесе екс министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов е повлечена. 

Ниту Спасов, ниту неговиот адвокат не се појавиле на судското рочиште. 

Во ситуација  кога ниту тужителот, ниту неговиот правен застапник неоправдано не се појавиле во суд, а по тужба која самите ја поднеле, тоа значи автоматско попвлекување на истата.

Според документот, на рочиштето кое требаше да се одржи во Основниот суд Скопје 2, а, кое беше закажано на 2 октомври, годинава не се појавил тужителот Спасов, кој бараше утврдување на одговорност за клевета и надомест на нематеријална штета од 1.200.000 денари. 

Слично

Поврзани вести