Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасов: Најголемата политичка одговорност за насилството ја имаат Иванов и Груевски

Спасов: Најголемата политичка одговорност за насилството ја имаат Иванов и Груевски

Најголемата политичка одговорност за насилството во Собранието ја имаат претседателот Ѓорѓе Иванов и особено лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изјави политичкиот аналитичар Ѓорѓи Спасов за Телма. 

Според него, Груевски 10 години поттикнува насилство преку пропаганда и со тоа што постојано говори дека опозицијата е непријател на државата и народот. Спасов потсети на насилствата во општина Центар каде беа нарачувани шлаканици лично од Груевски. Според аналитичарите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, не може да се амнестира од случувањата во и околу Собранието и поради неколкуте изјави периодов со кои порача дека кога државата е нападната, само народот може да ја одбрани. 

Слично

Поврзани вести