СПАСЕНО ПОВРЕДЕНО ЛИЦЕ ПРОПАДНАТО ВО БЕЗДНА КАЈ ЛИВАДИЧКО ЕЗЕРО - била активирана и Армијата, но и специјализиран тим од Косово
Спасено повредено лице кое паднало во бездна во близина на Ливадичкото езеро во општина Теарце, кое по успешна организација од страна на Центарот за управување со кризи е пренесено на безбедно.
Ситуацијата дополнително била искомплициарна поради фактот што бездната во која пропаднал била на страна на соседно Косово, но благодарение на брзата инситуционална реакција, тој е спасен.
Како што сооштуваат ос ЦУК, самиот директор на институцијата Мухамет Али, од лице место ја следеше спасувачката акција за извлекување на повредено лице кое паднало во бездна во близина на Ливадичко Езеро.
- Информацијата за инцидентот првично беше добиена преку Секторот за итни повици – 112 и Секторот за операции и координација при ЦУК. По извршената проценка беше утврдено дека извлекувањето без специјализирана техничка и логистичка поддршка не е изводливо, по што ЦУК веднаш стапи во контакт со Министерството за одбрана и со началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, Сашко Лафчиски.
Од страна на Армијата беше испратена хеликоптерска единица, која го извлече повреденото лице и обезбеди понатамошен медицински транспорт и нега.
Бидејќи лицето се наоѓаше во провалина на територијата на Република Косово – под Ливадичко Езеро, директорот Али веднаш воспостави директна комуникација со Амбасадата на Косово, како и со директорот на Агенцијата за управување со вонредни ситуации на Косово, Генц Метaj. Косовските служби исто така испратија специјализиран спасувачки тим за дополнителна поддршка - се посочува во соопштението на ЦУК.
Од таму додаваат дека овој случај уште еднаш ја потврдува клучната важност на ефикасната меѓуинституционална и регионална соработка при справување со итни и комплексни ситуации.
Слично
