Спасено кучето кое му пукна петарда во уста од деца насилници
По ангажирањето на повеќе граѓани на социјалните мрежи спасено е кучето на кое деца насилници му ставиле петарда во уста.

Од пукнатата петарда на ова куче бездомник му беше разнесена вилицата што ја прикажа големата суровост за која се спремни и најмладите во општество кое ги губи основните вредности, а насилството и силеџиството стануваат нови прифатливи норми и однесувања.
Според информации од ангажираните граѓаните кучето е однесено на ветеринар и успешно оперирано, а покриени се и дел од трошоците. Останува прашањето што ќе биде со кучето по операцијата, дали ќе се најде некој што би го вдомил и кој ќе се грижи за него.
Слично
