Спасени се двајцата параглајдеристи од Украина
Спасени се двајцата параглајдеристи кои паднаа на непристапен терен на Галичица.
Двајцата параглајдеристи кои паднаа денеска попладне на непристапен терен на планината Галичица се извлечени со помош на специјалци и хеликоптерите на МВР, по што се пренесени во болницата ,,Свети Еразмо” во Охрид, дознава Макфакс.
Станува збор за двајца параглајдеристи од Украина, кои попладнево полетале од Галичица на македонска страна и покрај неповолните временски услови, ветерот и укажувањата дека е ризично да го направат тоа.
Слично
