СПАСЕНИ ДВЕ ЛИЦА ОД ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО - двајца битолчани со чамец побараа помош
Две лица побарале помош за извлекување од Преспанското езеро, по што биле активирани полициски службеници кои успешно ги извлекле од езерото.
- Во 14:33 часот од страна на Центарот за управување со кризи Битола во ОВР Ресен било пријавено дека во Преспанско езеро помеѓу с. Стење и с. Коњско, ресенско имало лице со чамец кое барало помош.
Од страна на полициски службеници од полициската станица Стење безбедно се извадени две машки лица Ф.И.(27) и С.С.(75) двајцата од Битола и истите се во добра здравствена состојба - се наведува во соопштението на МВР.
Слично
