Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасени две лица коишто со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шар Планина

Спасени две лица коишто со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шар Планина

Денекса во попладневните часови, две лица се повредиле на Шар Планина, и по нив бил испратен тим за спасување, бидејќи излетале од патот со четвороцикл.

Од Центарот за управување со кризи, велат дека во 16:06 часот на Eдинствениот повикувачки број за итни повици 112 преку конференциска врска со дежурниот од Полициска станица Попова Шапка е добиено известување дека на патниот правец Попова Шапка – Лешница, во близина на бачило „Лешница“, две лица со „квадрицикл“ излетале од патот во провалија. 

Со истите имало уште еден „квадрицикл“, но лицето не можело да ги види ниту да ги слушне лицата коишто излетале.

- Веднаш беа извршени повеќе комуникациски координативни дејста од ЦУК, согласно барањата од терен и можностите. Конкретно, Полициската станица Попова Шапка побараа помош, за што во ЦУК се разгледуваше и варијанта за да се ангажира хеликоптер, согласно дали теренот е погоден за истиот, а исто така, и варијанта за ангажирање на специјални сили. 

Преку Регионалниот ЦУК Тетово беа известени одговорните од Национален парк „Шар Планина“, а исто така од ЦУК беа известени и надлежните од Дирекцијата за заштита и спасување за евентуално ангажирање на нивните специјални тимови. 

 Во 16:50 часот, од ПС Попова Шапка известија дека со лицата се стапило во контакт, дека се живи, но имале повреди и дека се извлечени за да може возило на Итна медицинска помош да ги преземе - објаснуваат од ЦУК.

Во меѓувреме, уште од почетокот на спасителната акција, медицинското возило тргнало на пат да ги преземе на лице место, бидејќи патот бил долг до конкретизираната точка за безбедно преземање на Шара. 

Според последните известувања до ЦУК, лицата коишто се живи, но со повреди од паѓањето во провалија во близина на бачило „Лешница“ се веќе преземени од Итна медицинска помош и со медицинското возилото се на пат кон болница.

Фото: Архива

Слично

Поврзани вести