Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасена жена која се фрли во Вардар

Спасена жена која се фрли во Вардар

Две лица попладнево во Скопје успеаја да спасат 27-годишна жена, која според очевидци, се фрлила во реката Вардар пред Камениот мост. 

Еден од спасувачите се заглави во цевките кои се гледаат во реката. Потоа во реката влезе уште еден човек кој им помогна да стасаат до едно од островчињата што се создадени во реката, а потоа и трет кој заедно со двајцата спасувачи ја донесе младата жена на брегот на реката Вардар. 

Откако е извадена од водите на Вардар,  жената со возило на Брзата помош е однесена во ГОБ „8 Септември".

Слично

Поврзани вести