Едвај спасена Македонка која планинарела на Олимп
Неколкучасовна операција за спасување се случувала денеска на планината Олимп во северна Грција откако 35-годишна Македонка додека планинарела паднала од литица на 2.800 метри надморска височина, објави Прототема.
Повредената со хеликоптер „Супер Пума“ на грчкото воздухопловство таа е пренесена во болницата во Лариса.
Состојбата на повредената македонска планинарка, е сериозна.
Засега се знае само дека таа се искачувала на Олимп со уште двајца планинари.
Слично
