Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПАСЕН ХОЛАНДСКИ ТУРИСТ СО СКРШЕНА НОГА: планинарските екипи го извлекле на безбедно

СПАСЕН ХОЛАНДСКИ ТУРИСТ СО СКРШЕНА НОГА: планинарските екипи го извлекле на безбедно

Холандски турист со скршена нога е спасен благодарение на брзата реакција на Планинарската спасителна служба. Лицето било евакуирно од околината на селото Елшани, а планинарските екипи го предале на медицинарите веднаш по извлекувањето. 

Како што информираат од ЦУК, дојава пристигнала во регионалниот ЦУК Охрид, дека Планинарска спасителна служба од 13.40 до 15.00 часот, имала спасителна акција на територија на Општина Охрид. 

- Извршено е извлекување на повредено лице од околината на село Елшани. Станува збор за холандски турист кој имал скршеница на нога. По извлекувањето, лицето е предадено на екипа од Итната медицинска помош од Охрид. 

Повредениот за кратко време е пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид на понатамошен третман - соопштуваат од ЦУК.

Од оваа институција посетуваат дека сите итни случаи може да се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. 

Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Слично

Поврзани вести