Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПАСЕН Е ТУРИСТ: Паднал во тешко пристапен терен во Охрид

СПАСЕН Е ТУРИСТ: Паднал во тешко пристапен терен во Охрид

Странски турист се повреди во Охрид. Спасен е откако паднал во тешко пристапен терен.

Странски државјанин денеска паднал во непристапен терен во близина на хотел во Охрид. При падот лицето се здобило со телесни повреди, по што е повикана итната медицинска помош. Случајот е пријавен на бројот за итни повици 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Поради непристапнапноста на теренот, медицинската екипа не можела да интервенира.

„Од ЦУК беа известени пожарникарите од ТППЕ Охрид, полицајците од СВР Охрид и Планинарска спасителна служба Патагонија од Охрид. Екипата од ТППЕ Охрид со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале, при што лицето било извлечено од местото на настанот, па е префрлено во полициски глисер и преку езеро било пренесено до возилото на итна медицинска помош, а потоа во болница во Охрид на понатамошен третман“, се вели во соопштението од ЦУК.
Се работи за турист од Англија. 

Слично

Поврзани вести