Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Спас за Валандово“ не се откажува - Итна седница за ново распишување референдум

„Спас за Валандово“ не се откажува - Итна седница за ново распишување референдум

Активистите од организацијата „Спас за Валандово“ како и сите граѓани кои се против изградбата на веќе започнатиот рудник Казандол не се откажуваат од намерата да биде распишан референдум на кој треба да се изјаснат. 

Затоа по нивниот ангажман со блокади на патишта, дел од советниците на општина Валандово поднесоа барање за итно свикување на седница на советот на која ќе треба да се дискутира за начинот и можноста за распишување на долго бараниот референдум, што допринесе и за привремено стопирање на протестите на активистите и граѓаните. 

Претседателката на советот на општина Валандово, Јасмина Сечкова тврди дека ќе закаже седница во законскиот предвиден рок и чека препораки од Државниот инспекторат за локална самоуправа како да дејствуваат со цел да не бидат пречекорени ингеренциите на советот за распишување референдумот.

Посакувани датуми за одржување на референдумот се или 9-ти или 16-ти јули бидејќи временските рокови предолго ќе се одложат и самото известување можеби нема да даде повеќе ефект. Против рудникот Казандол на референдум се изјаснија граѓаните на Богданци, а се чека и општина Дојран да ја почитува волјата на граѓаните и да го распише референдумот.

Слично

Поврзани вести