Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Спас за Валандово“ најавува радикални мерки aко Општината не одговори на барањето за референдумот

„Спас за Валандово“ најавува радикални мерки aко Општината не одговори на барањето за референдумот

„Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ најави радикални мерки доколку советниците и општината се обидат да ја заобиколат на граѓаните.

Тие преку соопштение до јавноста информираат дека претседателот на Советот на Општина Валандово „не доставил официјален одговор во законскиот рок од три дена на предлог иницијативата за собирање потписи за референдум на Спас за Валандово - Spas za Valandovo - SOS и со тоа според член 76 од законот за референдуми смета дека предлогот е неуреден“. 

Во исто време, велат закажана е седница на Советот за утре во 20:30ч. на која како точка на дневен ред се наоѓа предлогот на иницијативата Спас За Валандово. 

Оттаму посочуваат дека ги охрабруваат советниците на утрешната седница да донесат одлука во интерес на граѓаните на Општина Валандово во спротивно велат дека ќе пристапат кон радикални чекори со организирање протести, блокади на патишта и други демократски инструменти кои ни се на располагање во моментот.

Слично

Поврзани вести