Спас за Валандово: Казандол претставува се поголема опасност за почвата и водата
Граѓанското здружение Спас за Валандово денеска предупреди дека изградбата на рударскиот комплекс Казандол што е во тек претставува се поголема опасност за почвата и водата.
На Фејсбук страницата, Здружението на граѓани објави повеќе фотографии за кои велат дека се доказ дека почвата и водата не се заштитени.
„Оваа црна фолија е фамозната гео-мембрана од финско потекло која инвеститорот и институциите не убедуваа дека ќе ја заштити почвата и подземните води од загадување со сулфурна киселина. Погледнете ги фотографиите и проценете колку е ова безбедно. Појавени огромни процепи насекаде во езерото обележани со црвени кругови уште во фаза на изградба. Се прашуваме како ова го нема констатирано Државен инспекторат за животна средина во неодамнешната инспекција?“ - прашуваат од Здружението.


