Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОЗР: Набавките за Владата поскапеа, но сумата на договорите е иста

СОЗР: Набавките за Владата поскапеа, но сумата на договорите е иста

Службата за општи и заеднички работи го демантира ВМРО-ДПМНЕ од каде денеска брифираа дека СДСМ и ДУИ како Влада иако знаеле уште пред 4 месеци дека ќе има ваква криза потрошиле над 2 милиони евра само на луксуз изминативе неколку месеци 

- Кога велам луксуз мислам на вистински луксуз. Непродуктивни трошења, наместо антикризни мерки. Луксуз наместо штедливост. Па така, од пред Нова година па наваму, само за хотелски услуги Владата потрошила скоро 200.000 евра – рече портпаролот Димче Арсовски.

Тој наведе дека три милиони денари или 50.000 евра се одвоени за набавка на кафе преку СОЗР само за потреби на оваа Влада.

- Па замислете во 3 милиони денари, во груба пресметка бидејќи тоа одело на тендер, има набавка за околу 400.000 кафиња. 400.000 дози кафиња набавила оваа Влада. Секој работен ден во една година во Владата треба да се пијат над 1.700 кафиња дневно. И сега јасно ви е зошто оваа Влада ништо не реализира и ништо не работи? Со ваква набавка на кафиња каде што по 1.700 кафиња на ден треба да пијат, веќе е јасно зошто сме тука каде што сме. Наместо да работат, цел ден пијат кафиња – рече Арсовски.

Од СОЗР велат дека Владата во време на криза им наложила на сите институции да ги рационализираат ресурсите и потребите, и да се придржуваат кон насоката за максимално елиминирање на непродуктивните трошоци.

„ВМРО-ДПМНЕ со манипулации, неосновани конструкции и шпекулации, сака да ја доведе јавноста во заблуда. Неточни се наводите дека набавките се однесуваат само на Владата, истите се однесуваат на сите институции: Собрание, Влада и Претседател.

Што се однесува до самите договори, станува збор за рамковни договори кои се однесуваат на потребите на сите овие институции. Потоа, преку тековните набавки кои се реализираат во рамки на тие рамковни договори се нарачуваат потребните количини.

Исто така треба да се има предвид дека проценетите вредности на рамковните договори се исти со години наназад, иако малопродажните цени се далеку повисоки, што говори за определбата за домаќинско економско работење“, демантираат од службата.


Слично

Поврзани вести