Економија, финансии, бизнис

Контакт

Советот по втор пат донесе одлука за референдум во Валандово против Казандол

Советот по втор пат донесе одлука за референдум во Валандово против Казандол

Граѓаните на Валандово на 20 август дефинитивно ќе имаат можност да се изјаснат на референдум дали се за или против изградба на рудникот Казандол како и за идните рударски проекти на територија на нивната општина. 

Одлуката по втор пат ја донесе Советот на Општина Валандово откако градоначалникот Николче Чурлиновски не ја потпиша првично донесената одлука, наводно поради немање надлежности иако граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ ги собра потребните потписи и правната процедура беше испочитувана.

Претходно на референдум Гевгелија и Богданци се изјаснија против отварањето рудници, а Дојран ќе се изјасни на 23-ти јули.

Главните аргументи против изградба на рудник е опасноста од влијание врз животната средина и загадување на околината која претежно е зависна од земјоделското производство.

Слично

Поврзани вести