Економија, финансии, бизнис

Контакт

Советот на општина Охрид ќе го води Живка Ангелоска

Советот на општина Охрид ќе го води Живка Ангелоска

Социјалдемократите и нивните коалициони партнери кои го добија мнозинството во Советот на општина Охрид од своите редовија ја одбраа Живка Ангелоска за нов претседател со четиригодишен мандат. 

На седница на советот за избор на Ангелоска се изјаснија 12 советници од коалицијата предводена од СДСМ. Поддршка добија и од советничката група на ДУИ, Алијансата на Албанците и БЕСА кои во Охрид настапија со заедничка листа за советници. 

Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-НП се воздржаа од гласање за изборот на Ангелоска.

Ангелоска по професија е правничка, а беше и директорка на ЈП „Градски пазар“ Охрид.


Слично

Поврзани вести