Советот на јавни обвинители избра нов претседател
Советот на јавни обвинители доби нов претседател.
Коле Штериев е новиот обвинител кој доаѓа на оваа позиција.
Тој бил единствен кандидат и добил поддршка од мнозинството членови. Штериев рече дека е свесен за нарушениот углед на институцијата, меѓутоа ќе работи на подобрување на нејзиниот углед. Најави дека институцијата во иднина ќе биде потранспарентна.
Претходниот претседател, Петар Аневски си поднесе оставка од функцијата и образложи дека тоа го направил од семејни и лични причини.
Штериев една година е член на Советот на јавни обвинители. Тој претходно беше дел од
Вишото јавно обвинителство и Обвинителството за организиран криминал.
Слично
