Советот на јавни обвинители доби нов претседател
Башким Селими денеска е избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители (СЈОРМ). Селими досега ја извршуваше функцијата заменик претседател на Советот. За нов заменик претседател беше избрана Маријана Илиевска.
Предлогот за избор на Селими беше поднесен од членот на Советот, Зорица Павловиќ и беше поддржан со осум гласови „за“ од вкупно 11 членови. При гласањето имаше три неважечки ливчиња.
„Благодарам на поддршката, и тие што не гласале ќе бидат со мене, заедно ќе работиме. Како второ сакам да се заблагодарам на досегашната претседателка, додека го водеше Советот заеднички се боревме сите и понатаму ќе се бориме заеднички и ќе излеземе на добри патишта“, рече Селими.
За заменик претседател на Советот, Селими ја предложи членката Маријана Илиевска, а предлогот беше едногласно поддржан.
Изборот следи по престанокот на функцијата на претходната претседателка, Душица Димитриеска. Нејзиниот мандат истече на 1 октомври годинава.фото МИА
