Економија, финансии, бизнис

Контакт

Советот на Амбасадори бара да прекинат митинзите додека не почне изборната кампања

Советот на Амбасадори бара да прекинат митинзите додека не почне изборната кампања

Здружението за меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ смета дека е прерано започната кампањата за вонредните парламентарни избори што треба да се одржат на 12-ти април, 2020 година и апелира без понатамошно одложување истата да престане. 

„Одржувањето на секојдневни митинзи и говори на лидерите на политичките партии во овој период, може да придонесе кон зголемување на политичката конфронтација во општеството и дополнително да ги продлабочи општествените поделби, соопштуваат од Советот додавајќи дека нивниот став е дека партиите треба да престанат со одржувањето митинзи и говори се до официјалниот почеток на изборната кампања, во март следната година. 

„Политичките партии и лидери треба својата енергија во овој период да ја насочат кон спроведување на потребните реформи за осварување на стратешките цели на земјата, како што се членството во НАТО и добивањето датум за започнување преговори за членство во ЕУ.

 Советот на Амбасадори смета дека е време ефективно да се искористи подршката од САД и од земјите-членки на ЕУ за интензивирање на реформите и соработката со соседите, со цел веднаш по добивањето датум за започнување на преговорите за членство во ЕУ да се затвораат поглавјата со што побрза динамика“, посочуваат од Советот на Амбасадори. 

Слично

Поврзани вести