Советниците од Крива Паланка го усвоија новиот Буџет
Усвоен новиот Буџетот на Општина Крива Паланка. За 2013 година тој изнесува 345.574.146 денари.
Приходниот дел на Буџетот за 2013 година се состои од даночни и неданочни приходи, потоа капитални приходи, приходи од дотации, трансфери и приходи од донации.
Вкупните расходи на Буџетот за 2013 година изнесуваат 394.636.303 денари од кои за утврдени намени се издвоени вкупно 394.036.303 денари и за резерви 600.000 денари.
Третиот дел од Буџетот го содржи дефицитот кој изнесува 49.062.157 денари и четвртиот дел од Буџетот е финансирање во износ од 49.062.157 денари и тоа од домашни приливи во износ од 51.562.157 денари и одлив, односно отплата на главница во износ од 2.500.000 денари.
Приходите на Буџетот по видови на приходи се утврдени во билансот на приходите, а расходниот дел по основни намени е утврден во билансот на расходи.
