СОВЕТНИКОТ САШЕ ЈАНЧЕВ ОД ЛЕВИЦА ОДБИЛ ДА ПОТПИШЕ СВЕЧЕНА ИЗЈАВА СО СЕВЕРНА - и во Гевгелија има проблеми со придавката
Советниците од Левица и натаму одбиваат да ги потпишуваат свечените изјави со придавката северна, и покрај јасната назнака од Министерството за локална самоуправа дека Уставот на земјава, во кој стои името Северна Македонија, е над законите, а во случајов Законот за локална самуправа, во кој се уште не е сменето името на државата, бидејќи тој закон трерба да се гласа со двотретионско и со бадентерово мнозинство.
Тоа е случај и со советникот од таа партија од Гевгелија, Саше Јанчев. Имено, како што јавуваат од огранокот на Левица од Гевгелија, советникот Јанчев се соочил со проблематизирање на неговиот мандат и неговото право на глас во Советот на Општина Гевгелија, затоа што свечена изјава не потпишал со придавката северна туку со името Република Македонија. Патем, тој бил единствениот советник во Општина Гевгелија кој потпишал изјава со Република Македонија!
Според советникот, придавката северна е спротивна и на Уставот, и на Деловникот за работа на Собранието, и на Законот за склучување и ратификацина на меѓународни договори, и на Законот за надворешни работини, и на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните…
„Референдумот пропадна, а со уцени, закани и вадење од притвор на Крсто вратарот, се смени уставното име, иако во Деловникот и Уставот никаде не е предвидена надлежност на Собранието да менува државно име. Дополнително, референдумот од 1991 година на кој граѓаните се изјаснија за држава Македонија, не северна Македонија, е уште во сила. Бидејќи во правото постои правна хиерархија, закон се менува со закон, устав со уставни амандмани, одлука на референдум само со нова одлука на референдум, не може со уставни амандмани да се побие референдумска одлука“, е дел од неговиот говор кој го држел пред советниците во општината.
