Советникот на Филипче кому му најдоа марихуана веќе нема да го советува министерот
Советникот на министерот за здравство, Венко Филипче остана без работа, откако бил фатен со марихуана.
Откако вчера одредени медиуми објавија дека на први февруари годинава во 17.00 часот во Градски парк, кај Горјан Гилевски била пронајдена марихуана, по што по бил поднесен соодветен прекршок, од Министерството за здравство соопштија дека Гилевски не е повеќе ангажиран со работа во Министерство за здравство, и тој не е советник во кабинетот на министерот Филипче.„Најостро ги осудувам сите постапки на прекршување на закони во државата. Нема селективна правда, законот важи подеднакво за сите и мора да се почитува од секој граѓанин во општеството. Горјан Гилевски не е повеќе ангажиран со работа во Министерство за здравство и тој не е советник во кабинетот. Очекуваме надлежните институции да постапат соодветно по случајот“, изјави министерот Филипче.
Слично
