Економија, финансии, бизнис

Контакт

Советник од Струга го напушти Зијадин Села

Советник од Струга го напушти Зијадин Села

Абдула Ќазимоски екс претседател на советот на општина Струга од пред некое време е и поранешен член  во партијата на Зијадин Села, Движење за реформи на ДПА.Тврди дека првите луѓе на партијата манипулираат со членовите и граѓаните, застапуваат идеологија која ги задоволува и им одговара  само на поединци од врхушката. 

Дополнително Ќазимоски обвинува дека изминатиот период се случувале апсурдни ситуации и местенки со провокација тој да го напушти членството и позицијата во советот.

Според Ќазимоски не постои никаква платформа однадвор  која ги застапува интересите на Албанците. Истата е направена во земјава и ги поддржува само интересите на поединци од албанскиот блок. 

Вели дека во неа на никој начин не е загрозена унитарноста на земјата туку позицијата на неколкумина. Потенцира дека токму од таа причина  во внатрепартиските односи во партијата одамна  владее тензија и незадоволство кај членовите.

Денеска никој од Алијансата не беше достапен за одговор на обвинувањата на поранешниот член. Ќазимоски најави дека  ќе настапува  независно, и самостојно ќе ги застапува правата на Албанците.

Извор: 24vesti.mk

Слично

Поврзани вести