Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОВЕТНИК НА ГРАД СКОПЈЕ Е КОВИД ПОЗИТИВЕН: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се „спречкаа“ за протоколите во салата

СОВЕТНИК НА ГРАД СКОПЈЕ Е КОВИД ПОЗИТИВЕН: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се „спречкаа“ за протоколите во салата

Протокол за работа во услови на пандемија побараа советниците од СДСМ на денешната втора седница на Советот на Град Скопје која се емитуваше во живо на социјалните мрежи. Љубица Јанева, координаторка на советничката група на СДСМ се јави процедурално и праша како би присуствувал сега на седница советникот Горан Арсов кој бил најавен како оправдано отсустен, а кој како што рече таа е болен од ковид. 

Јанева прво го праша претсетаделот на Советот, Трајко Славески дали во Советот има протокол за одржувањ ена седница на штотој одговори дека претходниот состав не оставил протокол, а дека во салата се почитуваат сите протоколи од Комисијата за заразни болести. 

„Претходниот совет ги одржуваше седниците онлајн. На координацијата која ја имавме побарав град Скопје да се обрати до Центарот за јавно здравје кои се должни да дојдат и да се направи протокол за оваа сала. Ние овде дојдовме, немаме протокол, немаше мерење температура, ниту пак се испитува дали некој е вакциниран или не и сето тоа е така затоа што немаме протокол. Горан Арсов е позитивен. Што доколку посакаше да дојде во скафандер за да гласа? Затоа најдобронамерно ве замолувам, искористете ја шансата, обратете се во Центарот за јавно здравје и ќе ни изработат протокол, рече Јанева.


На ова реагираше советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска.

„Да, почитувана се согласуваме дека треба да имаме протоколи. Почнува трета година, како имаме пандемија. Јас две години барам од министерот и од Комисијата да донесат протоколи, за секаде, во институции, но и во Советите. За жал ние немаме ниту еден протокол, заво ниту една институција. Град Скопје нема надлежност да прави протоколи. Така да ова прашање е во ред, но адресата е комисијата, да ни достават протокол за работа, но да не биде само за нашата институција и да достават секаде каде нема, а нема никаде, рече Андоновска.

Јанева на ова повторно реплицираше и побара Славески да се обрати до Центарот за јавно здравје, на што и реплицираше дека не треба повеќе да се троши време за таа тема. 

Слично

Поврзани вести