Советник инспектор за летачки операции ќе зема плата од 88 илјади денари
Не престануваат вработувањата на државни јасли. Во претходниве неколку дена поголем број државни институции распишаа огласи за вработување.
Агенцијата за цивилно воздухопловство на 25 месецов објавила оглас за пет вработувања.
Едно од повоочливите работни позиции за кое се бара нов човек е советник инспектор за летачки опареации, а тоа е најинтересно бидејќи за него се предвидува плата од 87.680 денари.
Уште двајца советници ќе земаат малку „поскромни“ плати, од 56.320 денари, а нема да им биде лошо ни на двајцата помлади соработници кои ќе ги пополнат овие работнио места, ќе земаат плати од над 45 и 52 илјади денари.
Државниот просвете инспекторат бара 16 лица, главно соработници и инспектори, а платите ќе им бидат меѓу 16 и 26 илјади денари.
Огласи имаат распишано и Државното правобранителство на земјава, кое бара три нови вработувања, со плати меѓу 23.608 денари, па до 37.694 илјади денари.
Дирекцијата за заштита и спасување ќе вработи шест лица, платени ќе бидат од 22 илјади денари, до речиси 30 илјади денари.
Државниот испитен центар бара тројца, а Државниот завод за индустриска сопствреност едно вработување.
Во Дирекциојата за безбедност на класифицирани информации ќе се вработи еден нов човек, а во Генералниот секретаријат на Владата двајца.
Вработувања ќе има и во ЈП Македонски железници. Тие на 21 месецов објавиле оглас за 12 нови вработувања, со плати од 18 до 28 илјади денари.
Неодамна на една телевизиска дебата, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски истакна дека според законот, сите договори на определено време во јавниот сектор истекуваат на 31 декмври и дека затоа има нови бранови на вработувања.
„За разлика од порано, сега може да видите јавно кој се вратува. Порано, тоа беше забрането. Забрануваме вработување во јавната администрација со привремени вработувања преку агенции. Веќе нема да може секој сектор да прави што сака“, рече Манчевски.
( Н.Н.Ф.)