Советниците одобрија – Градот ќе за задолжи за изградба на подземната сообраќајница!
И официјално, Градот Скопје ќе се задолжи со нешто помалку од 5 милиони евра за изградба на подземната сообраќајница од мостот Гоце Делчев до почетокот на булеварот Кузман Јосуфовски Питу.
Градските советници со мнозинство гласови го поддржаа проектот на градоначалникот Коце Трајановски, кој предвидува Градот Скопје да се задолжи со близу 4,9 милиони евра преку издавање на обврзници на домашниот пазар.
Советниците од владејачкото мнозинство на денешната расправа не ја поддржаа иницијативата од опозиционерите, кои побараа, наместо задолжување, парите наменети за Панорамското тркало и барокните фасади да се пренаменат за изградба на подземната улица под центарот на Скопје.
Како што образложуваат од Градот, задолжувањето е заради обезбедување на средства за финансирање на проекти и инвестиции од значење за градот. Повеќе за тоа како ќе изгледа подземната сообраќајница и како ќе се финансира на следниот линк:
Градот Скопје ќе се задолжи со близу 4,9 милиони евра за подземната сообраќајница
Слично
