Економија, финансии, бизнис

Контакт

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ги напуштија седниците на советите во Штип и Гевгелија

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ги напуштија седниците на советите во Штип и Гевгелија

Во уште две општини советниците на ВМРО-ДПМНЕ ги напуштија седниците на совет. 

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Гевгелија демонстративно ја напуштија седницата барајќи слобода за осомничените за терористичко загрозување на уставниот поредок, кои добија притвор од 30 дена.

На своите столчиња советниците оставија пораки на кои пишува „Слобода за нашите браќа и сестри“. Тие порачаа дека Сашо Василевски, Игор Дурловски, Горан Ангелов, Богдан Илиевски, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Борис Дамовски и останатите притворени не се терористи.

Извикувајќи „Македонија“, облечени во маици на кои пишува „И јас сум терорист”, штипските советници од ВМРО-ДПМНЕ демонстративно ја напуштија денешната седница.  На овој начин тие го искажаа својот револт за приведувањето и апсењето на како што рекоа луѓето кои го бранеле Уставот на државата.

Досега седниците ги бојкотираа советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, Ѓорче Петров и Берово. 

Слично

Поврзани вести