Економија, финансии, бизнис

Контакт

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ги бојкотираа советите во Берово и Куманово

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ги бојкотираа советите во Берово и Куманово

Советниците од Коалицијата „За подобра Македонија“ ја напуштија денешната  седница на Советот на општина Куманово  во знак на револт за притварањето на членови на ВМРО-ДПМНЕ за настаните од 27 април годинава.

„Сведоци сме дека се врши притворање на луѓе околу нас кои размислуваат поинаку од актуелната власт и апсурдно е во такви услови, ние тука да разговараме за буџети или да разгледуваме финансиски извештаи за работа на јавните претпријатија“- вели координаторот на советничката група, Драган Петковски.

Седницата на Советот, сепак се одржа, бидејќи имаше кворум. 

Советничката група на ВМРО - ДПМНЕ ја бојкотираше вчерашната седница на Советот во општина Берово во знак на револт поради, како што истакнаа членовите, политичкиот прогон и апсењето на македонските патриоти кои се товарат за тероризам и загрозување на уставниот поредок на земјата по настаните во Собранието на 27 април.

Претседателот на Советот Јован Матеничарски ја квалификува ваквата одлука на советниците од ВМРО-ДПМНЕ како несериозна и неодговорна кон гласачите и граѓаните.

„За притворите и делата треба да дискутираат судот и надлежните органи и тоа нема никаква врска со работата на Советот на Општина Берово, како и со денешните точки на дневен ред“- истакна Матеничарски.

Зависно од политичките случувања, советничката група ќе заземе став за натамошната работа во Општината.

Вчера и во Ѓорче Петров советниците го направија истото. 

Слично

Поврзани вести