Економија, финансии, бизнис

Контакт

Советниците од Благоевград тврдат дека Вапцаров бил Бугарин, а Македонците вештачка нација

Советниците од Благоевград тврдат дека Вапцаров бил Бугарин, а Македонците вештачка нација

Советниците од бугарскиот град Благоевград велат дека Македонците се измислена нација, а културниот центар именуван по поетот Никола Вапцаров е провокација. 

Тие едногласно усвоија декларација, со која застанаа против отворањето на македонскиот културен клуб Никола Вапцаров, закажано за 30 месецов.

„Неспорен е историскиот факт дека македонската нација е вештачки содадена од Коминтерната во 1934 година. Нејзината единствена причина за постоење била да им служи на интересите на болшевичката партија и на Советскиот Сојуз и за целите на туѓа држава! Уште повеќе, за нас како Бугари и жители на Пиринска Македонија, е крајно голема навреда и провокација еден голем бугарски поет, каков што е Никола Јонков Вапцаров, да му се наметнува туѓа национална самосвест”, стои во решението на Советот во Благоевград.

Македонците од овој град велат дека декларацијата нема правна основа и нема да ги спречи да го отворат клубот.  Вапцаров е македонски поет роден во Банско, а бил стрелан во Софија. Тој во своето творештво ја споменува Македонија, но и македонските национални херои. 

За бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски, македонското Министерство за надворешни работи(МНР) ќе реагира со нота, затоа што освен говор на омраза, покажа и територијални претензии. 

Слично

Поврзани вести