Економија, финансии, бизнис

Контакт

Советниците на СДСМ ќе доминираат во скопските општини и градскиот совет

Советниците на СДСМ ќе доминираат во скопските општини и градскиот совет

Откако финишираа пребројувањата на гласовите утврдено е дека СДСМ ќе има мнозинство во речиси сите скопски општини, освен во Гази Баба, а исто така СДСМ ќе го предводи и мнозинството во Советот на град Скопје каде во првиот круг Петре Шилегов победи како нов градоначалник.

Врз основа на податоците објавени од Државната изборна комисија (ДИК), во Градот Скопје СДСМ освоила 21 советник, ВМРО-ДПМНЕ 17, ДУИ три, Беса двајца и по еден советник Алијанса на Албанците и Левица. 

Од скопските општини најмногу советници – СДСМ има освоено во Центар, додека ВМРО-ДПМНЕ седум. Во Аеродром СДСМ доби 15 општински советници, а ВМРО-ДПМНЕ 12. Во Карпош СДСМ ќе има 14 советници, ВМРО-ДПМНЕ шест, ГРОМ двајца и Левица еден. Во советот на Ѓорче Петров СДСМ ќе има 13 советници, а ВМРО-ДПМНЕ 10. Во Кисела Вода СДСМ ќе има 12 советници, додека ВМРО-ДПМНЕ 11. Во Шуто Оризари СДСМ доби осум советнички мандати, Сојузот на Ромите седум, ДУИ два и по еден Беса и Алијанса на Албанците. Во скопската општина Бутел ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат по осум советници, а Алијансата на Албанците, БЕСА и ДУИ по еден. Во советот на Гази Баба ВМРО-ДПМНЕ има освоено 14 советнички мандати, СДСМ 12, додека коалицијата на БЕСА, ДУИ и Алијанса на Албанците еден.

Претставниците на албанските партии доминираат во Сарај и Чаир. ДУИ во Сарај ќе има 10 советници, БЕСА петмина, а Алијанса на Албанците четворица. Во Чаир ДУИ има девет, БЕСА 8, а ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по четворица, а Алијанса на Албанците двајца.


Слично

Поврзани вести