Економија, финансии, бизнис

Контакт

Советниците на Мицкоски во кампањата: Мазнева на терен, Коневски апстинира

Советниците на Мицкоски во кампањата: Мазнева на терен, Коневски апстинира

Додека поранешната пратеничка и претседателка на Унијата на Жени, Косана Мазнева, е интензивно на терен, екс-градоначалникот на Аердром, Ивица Коневски, останува резервиран во кампањата за претседателските избори.

И Мазнева и Коневски пред една година беа ангажирани од ВМРО-ДПМНЕ како советници на претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, која застанува позади професорката Гордана Силјановска како кандидат за претседател на Македонија.

Мазнева во моментов е координатор на кабинетот на лидерот Христијан Мицкоски за координација и соработка со други политички партии. Сè почесто може да се забележи во првите редови на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ или во активностите на кандидатот за претседател Гордана Силјановска-Давкова. 

Таа беше пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во два мандата во периодот од 2008 до 2014 година, но од тогаш долго време не беше присутна во политиката.

Коневски од друга страна и натаму продолжува да го критикува Мицкоски и да бара оставка од него доколку ВМРО-ДПМНЕ загуби на претседателските избори.

„Мицкоски, место да се занимаваш со својата позиција и преку медиумите и колумнистите блиски до тебе да ги обвинуваш партиските неистомисленици, добронамерно те советувам во наредниот период, кој е клучен за ВМРО – ДПМНЕ, да се посветиш на многубројното членство.
Многу пати досега ти укажав дека мора да покажеш конструктивност и да го обединиш членството, затоа што тоа е неопходно за ВМРО - ДПМНЕ и нејзиниот успех на претстојните претседателски избори. А, доколку партијата загуби, ти како актуелен претседател, ќе мораш да понесеш одговорност.
На професорката Гордана Силјановска – Давкова ѝ посакувам успех во трката за претседател, што истовремено ќе биде и тест за партијата и нејзиното раководство“, напиша Коневски во својот последен статус на Фејсбук.


Слично

Поврзани вести