Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОВЕТНИЦИТЕ ДА ДАДАТ ЕДЕН МЕСЕЧЕН ПАУШАЛ, А ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ЕДНА МЕСЕЧНА ПЛАТА ЗА ЛЕО: Иницијатива до советниците на град Скопје

СОВЕТНИЦИТЕ ДА ДАДАТ ЕДЕН МЕСЕЧЕН ПАУШАЛ, А ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ЕДНА МЕСЕЧНА ПЛАТА ЗА ЛЕО: Иницијатива до советниците на град Скопје

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, денес до Советот на Град Скопје,  испрати иницијатива за итна седница со единствена точка на дневен ред - да му помогнеме на младиот Леонид Индов. 

Арсовска до советниците предложи да донесат одлука со која ќе донираат еден месечен паушал, а градоначалникот на Град Скопје една месечна плата во акцијата организирана од градот Скопје за што побргу да се соберат потребните средства за Леонид. 

Од денес пак, градот Скопје како што беше најавено вчера, започнува со хуманитарната акција во сите јавни претпријатија, институции и училишта под надлежност на градот а во акцијата можат да се вклучат и сите граѓани на Скопје.

„Ги повикуваме сите граѓани кои се во можност да помогнат, да ја покажеме уште еднаш својата хуманост!“ велат градските власти.


Слично

Поврзани вести