Советници од Центар контра Жерновски - Цел мандат го преспа, а сега ќе гради спортска сала
Советничката група на општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ смета најавите на градоначалникот Жерновски за градење на нова спортска сала во Градски парк е задоцнеата бидејќи сега му завршува мандатот кој го преспал во изминатите четири години.
- Да имаше сериозна намера да ја гради салата, Жерновски ќе го стореше тоа во текот на мандатот, наместо да расфрла пари за журки кои никогаш не се одржаа. Жерновски знае дека на граѓаните им е доста од него и затоа брза на крај на мандатот да ветува се и сешто, заобиколувајќи ги сите процедури. Имено Жерновски сака да прави спортска сала без да направи измена на Деталниот урбанистички план и да зафати простор кој е во сопственост на приватна фирма и за кој во постоечкиот ДУП е предвидено изградба на Катна Гаража, посочија советниците на денешната прес конференција.
Тие сметаат дека постапката на Жерновски е несериозна и со заобиколување на законските можности.
- Сега Жерновски и покрај својата неуспешност која сите ја видоа најавува нови проекти кои ниту има знаење, ниту има способност да ги направи. Доцна е. Граѓаните на Центар ја видоа неговата мрзеливост и неспособност, заклучуваат советниците од ВМРО-ДПМНЕ.
