Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОВЕТИ НА ХРВАТ КОЈ ЗАМИНАЛ ВО СТРАНСТВО: Еве колку пари ќе ви требаат за почеток

СОВЕТИ НА ХРВАТ КОЈ ЗАМИНАЛ ВО СТРАНСТВО: Еве колку пари ќе ви требаат за почеток

Хрват кој се преселил прво во Даблин, а потоа и во Лондон раскажува колку пари ќе им требаат на луѓето доколку одлучат да заминат во странство. 

Вели дека на човек кој не знае јазик, нема обезбедено сместување и контакти му требаат минимално 3000 евра. 

„Мора со толку да тргнете, затоа што тоа е нова држава, нови правила, нов свет. Не мора да се правиме луди, ви требаат пари. Сметајте дека со тие пари без приходи ќе живеете по хостели околу 4 месеци. Грубо речено ви требаат по 500 евра месечно за хостел. Ќе ви требаат и помалку, но сметајте грубо затоа што ќе има и непредвидени ситуации. Ако сте снаодливи можете и повеќе време да издржите со тие пари, но мојата проценка е 4 месеци“ - вели Хрватот. 

За сместување тој советува сместување во хостел за недела или две. 

Тој додава дека ова може да ви биде и шанса за работа, ако случајно во хостелот бараат работник. 

Раскажува дека може да ви се понуди 20 часа неделно да чистите во хостелот, а за возврат да добиете бесплатно сместување. 

За багаж советува да ги понесете најосновните работи. 

Советува личните работи како паричник и пасош да не ги оставате и да ги носите цело време со себе. 

Ако барате работа, советува да не молите никого. 

Препорачува да ги посетите најблиските фирми ако барате работа. Таму можете да ја оставите својата кратка биографија. 

Слично

Поврзани вести