Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОВЕТИ: Како полесно да го продадете станот?

СОВЕТИ: Како полесно да го продадете станот?

Доколку се подготвувате да продадете недвижнина, запамтете ги овие совети.

Сакате брзо и добро да го продадете својот стан? Слушајте ги советите на својот агент. Агенти од Opereta недвижнини споделуваат неколку совети , а ние ви ги пренесуваме... вредат за повеќето недвижнини.

Еве што советуваат тие:

1. Подгответе го станот. Нека просторот што сакате да го продадете навистина изгледа како навистина да сакате да го продадете.

2. Исчистете го станот. Важно е просторот да плени со свежина и свеж мирис.

3. Домашните миленици изнесете ги надвор за време на посетата на купувачот.

4. Направете кафе. Мирисот на свежно зготвено кафе буди позитивно чуство на дом во луѓето.

5. Ако сте во можност, ставете свежо цвеќе на масата.

6. Пуштете го агентот да си ја работи работата и да им одговара на купувачите на прашањата за информации за станот.

7. Направете ситни домашни поправки. Не дозволувајте старите дамки на таванот да го уништат впечатокот и да покренат непотребни прашања.

8. Настојувајте што помалку луѓе во станот да престојуваат кога купувачите ќе дојдат да го видат.

Слично

Поврзани вести