Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОВЕТИ: Како да се збогатите пред 30 години?

СОВЕТИ: Како да се збогатите пред 30 години?

Гранд Кардоне, стручњак за меѓународна трговија вели дека можноста да се збогатите до 30 години не е фантазија. 

Тој во пет книги раскажува како од човек во долгови станал милионер. 

Неговите совети за богатење се за американски услови, но некои се применливи и на наши простори. 

Кардоне вели дека денес од штедење не можете да се збогатите, туку треба парите да ги следите, да заработувате повеќе и повеќе и тој процес да го повторувате. Тој советува да барате можности по компаниите за да заработите повеќе. 

Милионерот советува да ја почитувате работната етика и ентузијазмот. 

Штедете пари за да вложувате. 

Поставете си правило дека нема да позјамувате пари, освен ако тие пари не ви донесат повеќе пари во иднина. 

Вели дека на работа не е важно дали сте најпаметни, туку дали сте најпосветени. 

Кардоне се сложува со ставот на Бил Гејтс дека е во ред да се родиш сиромашен и тоа не е твоја грешка, но ако умреш сиромашен тоа е твоја грешка. 

Најдете ментор кој ќе ве научи долгорочно да размислувате за парите. 

Слично

Поврзани вести