Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Совеста ми е апсолутно чиста“, вели ексдиректорот на ДЗС Џафероски, обвинет за пожарот во „Пулс“

„Совеста ми е апсолутно чиста“, вели ексдиректорот на ДЗС Џафероски, обвинет за пожарот во „Пулс“

За жал, принуден сум да се бранам од обвинение кое е паушално, неосновано и не ми е јасно. Јас ја разбирам болката, а и гневот на родителите и блиските и најчовечки и како родител сочувствувам со нив. Но не смееме една трагедија, едно зло да го одмаздиме со друго и притоа да мислиме дека правдата е задоволена. Бараме правда, а не друга неправда, вели Аднан Џафероски, диркетор од 2017 до 2020 година во Дриекцијата за заштита и спасување, обвинет за пожарот во „Пулс“. 

Системот на државата го нарече нефункционален и вели дека се обидел со своето знаење и умеење да го подобри истиот. Вели дека совеста му е апсолутно чиста.

„Обвинет сум за несторување со умисла во нефункционален систем. Бев само кратко време на чело на еден фрагмент од тој нефункционален систем кој пробав со моето знаење и умеење да го подобрам. Сметам дека во голем дел успеав и верувам дека ќе успеам да го уверам судот во натамошната постапка со докази во постапката. Ги разбирам амбициите на секој човек, зошто човек без амбиции е човек без сенка. Ги разбирам и амбициите за напредување на некои Јавни обвинители, но нема да прифатам тоа да го прават врз мојот интегритет. Јас не сум очајник за да се надевам на милост. Пред се и над се, очекувам и верувам во чесноста на правдата, праведноста на Судот“, рече Џафероски.

Слично

Поврзани вести