Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СОСТОЈБАТА СО ПОЖАРИТЕ НА ОТВОРЕНО Е АЛАРМАНТНА!“ Ангелов со апел до земјоделците да не ги палат стрништата, вели „Сејфти фрст!“

„СОСТОЈБАТА СО ПОЖАРИТЕ НА ОТВОРЕНО Е АЛАРМАНТНА!“ Ангелов со апел до земјоделците да не ги палат стрништата, вели „Сејфти фрст!“

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вели дека состојбата со пожарите на отворен простор е алармантна. 

„Само во текот на вчерашниот ден (недела) имаше 37 пожари од кои два се гаснеа со ер трактор на ДЗС и хеликоптери на МВР. И покрај вчерашното интезивно гаснење 4 шумски пожари гореа во текот на целата ноќ и сеуште се активни. Во текот на викендот почнувајќи од петокот, заедно со сабота и недела имаше вкупно 95 пожари на отворен простор. Во текот на септември се регистрирани вкупно 778 пожари на отворен простор од кои 43 се гаснети со воздухоплови. Апелирам до сите земјоделци да не ги палат стрништата а сточарите пасиштата. Сериозни врнежи нема подолго време, вегетацијата е исклучително сува, дневните температури се сеуште високи, пожарникарите и пилотите се исцрпени и на крај на силите. Апелирам до сите градоначалници да ги следат законски пропишаните процедури и да бараат воздушна подршка тогаш кога се исцрпени сите останати можности. Пожари не се гаснат од воздух со ер трактори и хеликоптери без подршка на пожарникари од земја. Невозможно е да се изгасне пожар додека врз него не згазне пожарникарска чизма. Во моментов има 6 активни пожари од кои три се поголеми и поопасни. До вечер ќе станат многу повеќе. Напоменувам дека и најмалиот пожар за миг може да прерасне во голем пожар кој ги загрозува човечките животи, здравје и имот. Сејфти фрст!“, истакна тој.

Слично

Поврзани вести