Економија, финансии, бизнис

Контакт

Состојбата со коронавирусот во земјава се смирува

Состојбата со коронавирусот во земјава се смирува

Првиот човек на Министерството за здравство, Венко Филипче вели дека состојбата со коронавирусот во земјава се смирува. 

Вели дека епидемиолошката крива оди надолу, а бројот на нови случаи последниве денови опаѓа. 

„Спласнува притисокот врз болниците, иако не се целосно ослободени голем број на одделенија, бидејќи карактеристично за овој бран е влошувањата кај пациентите да настапуваат малку покасно, па оттука циклусот на ослободување на болничките капацитети доаѓа 2-3 недели подоцна. Апелирам на максимална внимателност и во периодот кој ни претстои“, напиша Филипче.

За едно деноноќие во Македонија има 603 нови случаи и 39 починати. Денеска скоро сите починати се повозрасни граѓани. Вчера здравствените власти информираа за 47 починати. 

Слично

Поврзани вести