Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СОСТОЈБАТА СО ГОЛЕМАТА КАШЛИЦА НЕ Е ДОБРА, А НИ СЕ ЗАКАНУВА И ЕПИДЕМИЈА НА МОРБИЛИ“: Ќе има ли построги епидемиолошки мерки

„СОСТОЈБАТА СО ГОЛЕМАТА КАШЛИЦА НЕ Е ДОБРА, А НИ СЕ ЗАКАНУВА И ЕПИДЕМИЈА НА МОРБИЛИ“: Ќе има ли построги епидемиолошки мерки

Епидемиолошката состојба со пертусис, заразното заболување кај народот познато како голема кашлица не е стабилна. Според претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски ова е резултат на долгогодишното неодговорно однесување на родителите кои не ги вакцинираат нивните деца. Петличковски посочи дека мора да се почитува календарот на имунизација.

„Состојбата не е добра и не е стабилна, а во оваа состојба сме се довеле поради долги години наназад неодговорно однесување на граѓаните. Поразителен податок за државата е податокот за 50 отсто невакцинирани деца. Имаме научна поткрепа дека дека имунизацијата со трите дози помага. Ние сме пред прагот на нов пожар со морбили. Можно е следните недели да излеземе со построги епидемиолошки мерки, зависно од комисијата“, рече Петличковски.

Претседателката на Националниот комитет за имунизација проф. д-р Александра Грозданова оценува дека огромниот процент на невакцинирани деца, носи сериозен ризик и за возрасните, а во однос на морбилите рече дека иако нема зголемување на бројот на нови случаи, избувнувањето во регионот укажува дека состојбата брзо може да се промени.

„Секаде во регионот има мини епидемии. Еднаш имавме таква ситуација. Мора делот на превентивата да го запазиме, за да има здрави деца. Вакви состојби на здравтвени кризи не ни се потребни. Посебно, да не прејудицираме, ако две епидемии ни се случат истовремено. Со ваков опфат на вакцинација, ризикот е сериозен, а секоја мерка понатаму ќе биде поригорозна“, потенцираше проф. Грозданова.

ФОТО: МИА

Слично

Поврзани вести