Состојбата на повредениот полицаец е стабилна, имал скршеници на главата, лицето и раката
Полицискиот службеник кој најтешко беше повреден во синоќешниот инцидент со дрвокрадци е во стабилна состојба и е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија.
Ова за телевизијата Сител го изјавил директорот на Установата д-р Владимир Рендевски.
„Полицаецот се здобил со повреди и скршеници на главата и лицето, како и скршеница на раката, и неговата здравствена состојба засега е стабилна“, вели д-р Рендевски.
Покрај него потешко беше повреден уште еден полицаец, а други тројца нивни колеги се здобиле со полесни повреди кога Полициска патрола вчеравечер била нападната од дрвокрадци на планината Мукос, во близина на селото Степанци. Инцидентот се случил околу 19:45 часот на стариот пат Велес-Прилеп, преку Јасеново.
Според полицијата напаѓачите се граѓани кои бесправно сечеле дрва. Инцидентот се случил околу 19:45 часот кога полициска екипа од Чашка, отишла на интервенција, откако биле запленети две возила со нелегално исечени дрва.
Слично
