Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СОСТОЈБАТА Е АЛАРМАНТНА“: Владата побара да се испита работата на Арсовска и ЈП Комунална хигиена

„СОСТОЈБАТА Е АЛАРМАНТНА“: Владата побара да се испита работата на Арсовска и ЈП Комунална хигиена

Владата бара итни инспекциски надзори во ЈП Комунална хигиена, соопшти прес службата, која денеска заседаваше.

„Во врска со проблемот со собирање и транспортирање на комуналниот отпад на територијата на Град Скопје, заклучи, Владата на денешната седница ги донесе следните заклучоци: Се задолжуваат Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје, во соработка со Министерството за внатрешни работи, согласно своите законски надлежности, веднаш да отпочнат со координиран вонреден инспекциски надзор на територија на Град Скопје, со цел утврдување на состојбата со комуналниот и друг вид на отпад и преземање соодветни мерки и активности. Воедно, се задолжува и Министерството за внатрешни работи, во соработка со надлежните институции, а се укажува на Град Скопје-Сектор инспекторат, да постапат согласно своите законски надлежности и да го испитаат работењето на ЈП Комунална хигиена-Скопје и градоначалникот на Градот Скопје во врска со несобирањето на комуналниот отпад, кој предизвикува опасност по здравјето на луѓето“, велат од Владата.

Од таму посочуваат дека состојбата е алармантна.

„Состојбата е алармантна и иако надлежноста е на Град Скопје но поради континуираното непостапување ги повикуваме институциите веднаш да постапуваат по донесените заклучоци на Владата“, соопшти владиниот прес центар.


ВРАБОТЕНИ ВО КОМУНАЛНА ЕКСКЛУЗИВНО ЗА ФАКТОР: „Плата беше дадена на нововработени од Сарај, парите се цедат преку сомнителни договори за интелектуални услуги


Слично

Поврзани вести